Centar.mk
СВЕТ

Најмалку 14 загинати при свлечиште во нелегален рудник за злато во Колумбија

Најмалку 14 лица загинаа, а седум се повредени при свлечиште во нелегален рудник за злато во југозападниот дел на Колумбија, јавува „Еуроњуз“.

Бројот на жртвите го потврди Алекс Гонзалес, секретар за мир и безбедност на департманот Нарињо, кој соопшти дека потрагата по преживеани е завршена.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како луѓе со помош на багер ги пренесуваат телата на загинатите од рудникот во чамци на блиската река.

Спасувачките екипи тешко пристапиле до местото на несреќата поради непристапниот терен и присуството на криминални групи во областа.

Нарињо, кој се граничи со Еквадор, е познат како центар на нелегално ископување злато, каде што вооружени групи ја контролираат трговијата со овој благороден метал. Несреќите во нелегалните рудници се чести во Колумбија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

40 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА ПОДОБРА ГРИЖА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ – Британија сака да спречи непотребни хоспитализации оваа зима

ДЕСК

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА ПОПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОДАТА – Нов план за дигитални системи и мерни уреди

ДЕСК

ЗАТВОРЕН НЕЗАВИСНИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ ВО РУСИЈА – Британија и Финска со заедничка реакција

ДЕСК