Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МИЦКОСКИ СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕНИТЕ – Храната во Македонија е меѓу најевтините според Евростат во Европа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според податоците на Евростат, цените на храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се за околу 25 проценти пониски од просекот на група од 36 европски држави. Тој оцени дека податоците потврдуваат оти земјата е меѓу државите со најниско ценовно ниво за овие производи во регионот.

Сепак, споредувањето на ценовните нивоа не ја покажува целосната слика за животниот стандард. За да се оцени колку храната е навистина достапна за граѓаните, потребно е да се анализираат и платите, пензиите, расположливиот доход и уделот на храната во семејниот буџет.