Centar.mk
БИЗНИС

ГЕРМАНСКИ ВОЕН ГИГАНТ ВЛЕГУВА ВО РОМАНИЈА – „Рајнметал“ и МСЦ преземаат бродоградилиште за 138 милиони евра

Германската одбранбена компанија „Рајнметал“ и швајцарската транспортна компанија МСЦ добија право да го преземат бродоградилиштето во романскиот град Мангалија, по завршена аукциска постапка. Предвидената вредност на трансакцијата е околу 138 милиони евра, а формалното завршување на преземањето се очекува во наредните недели.

Планот е локацијата да се развие во капацитет за цивилно и воено бродоградителство. Бродоградилиштето треба да има улога и во изградбата на четири пловила нарачани од романската влада, со што Романија дополнително ја зајакнува својата одбранбена индустрија и поморските капацитети на Црното Море.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – Работниците во Македонија очекуваат ново зголемување, еве што предвидува законот

ДЕСК

КОЛКУ ЌЕ ВРЕДАТ ЕВРОТО И ДОЛАРОТ ВО ПОНЕДЕЛНИК? – Позната курсната листа за 9 ноември, еве колку денари вредат 100 и 500 евра

ДЕСК

СОСТАНОКОТ ЧИНИ И КОГА НЕМА ФАКТУРА – Пресметајте го времето на целиот тим

ДЕСК