СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца државјани на Турција поради сомнение за обид за убиство.
Според МВР, осомничените, заедно со уште едно лице, физички нападнале двајца 26-годишни турски државјани во стан на подрачјето на Карпош.
При нападот бил употребен остар предмет и на жртвите им биле нанесени повреди. Двајцата осомничени биле пронајдени и приведени на улицата „Јадранска Магистрала“, додека полицијата продолжува со мерките за пронаоѓање на третото лице.


