Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА ДОСТИГНА 20,50 ОТСТО – поднесени шест приговори, три веќе усвоени

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Брвеница до 13 часот достигнала 20,50 проценти, односно 3.331 избирач го остварил своето право на глас. Податоците ги соопшти Државната изборна комисија врз основа на извештаите од сите 24 избирачки места во општината.

Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, излезноста во истиот период е повисока за 1,48 процентни поени. Ова претставува промена во однос на утринските часови, кога бројот на гласачи беше понизок од споредливиот период на претходните избори.

До 13 часот во ДИК пристигнале и шест приговори за заштита на личното избирачко право. Три биле усвоени, додека останатите три биле одбиени како неосновани. Гласањето продолжува до 19 часот.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК