Криминалистичката полиција втор ден спроведува координирани претреси на повеќе од 40 локации низ земјата. Според информациите што утрово ги објавија повеќе медиуми, во операцијата се вклучени сите сектори за внатрешни работи и единицата со службени кучиња.
Неофицијалните информации велат дека досега биле пронајдени дрога, оружје, пари, мачети и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Се очекува МВР дополнително да излезе со официјални детали за резултатите и приведените лица.


