Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјави дека Бугарија нема да ја екстрадира Ива Михаилова во Македонија, по која е распишана меѓународна потерница. Случајот дополнително ги заострува односите меѓу Скопје и Софија.
Во изјавата Демерџиев направил и гаф, зборувајќи за предавање на Михаилова на „српските власти“, по што објаснил дека не станува збор за значајна грешка. Македонските институции претходно најавија дека случајот ќе биде отворен и пред меѓународните партнери.


