Американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи примената на нов пакет санкции кон Русија што претходно доби поддршка во Конгресот. Мерките требаше да погодат руски функционери, банки, енергетски компании и купувачи на руска нафта.
Трамп се повика на националниот интерес, во период кога Вашингтон истовремено се обидува да го ублажи притисокот врз цените на горивата. Одлуката предизвика критики и кај демократите и кај дел од републиканците.


