На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се 46-годишник и 45-годишник, двајцата од истото село.
При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција ги затекнале при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво, кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт.
По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик – „Пустошење шуми“.


