Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА МУ ВЛЕЗЕ ДОМА СО СУДСКА НАРЕДБА: Уапсен охриѓанец

На 16.10.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 48-годишник од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри и куршуми, како и една пушка калибар 4,51 милиметри, кои нелегално ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.