Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ХАЗАРАДЕРСТВО НА ПАТИШТАТА, ОСУМ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: Шестмина без возачка, еден пребрз и еден пијан зад волан

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, шест управувале возило без положен возачки испит и тоа: 32-годишник и 27-годишник, двајцата од Скопје, 23-годишник од село Арачиново, скопско, 19-годишник и 17-годишник, двајцата од село Студеничани, скопско и 17-годишник од Прилеп.

Со брзина поголема од дозволената возел 27-годишник од село Врапчиште, гостиварско, а под дејство на алкохол возел 70-годишник од Скопје.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК