Centar.mk
РЕГИОН

ВЛАДИНИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ БЕЗ ШТИТ ОД ИМУНИТЕТ: Црна Гора усвои уставна измена

Црногорските пратеници го поддржаа текстот на уставна измена со која членовите на Владата нема да можат да се повикуваат на имунитет за кривични дела поврзани со злоупотреба на службената положба.

За предлогот гласале 62 пратеници, без гласови против или воздржани. Мерката се претставува како дел од антикорупциските реформи поврзани со европската интеграција.