Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки на ЕУ инстанци, не со Бугарија

Соопштение на Левица:

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура.

Национално единство не се гради со делење места во преговарачки тимови, туку со усогласување на заеднички државни позиции за тоа што, со кого и под кои услови се преговара. Сосема легитимна е позицијата да се поддржува членството на Македонија во ЕУ, но истовремено да се отфрлаат билатералните преговори со Бугарија како услов за евроинтеграција, притоа инсистирајќи преговорите да се водат исклучиво на инстанци на Унијата, односно, во рамки на официјалните институции и преку механизми на Унија.

И конечно, преговорите со ЕУ треба да бидат суштински преговори, водени во рамките на националните интереси на Македонија, а не процес во кој од државата постојано се бара да ги жртвува сопствените интереси заради безусловно исполнување на барањата од Брисел.

Токму тоа е и принципиелната позиција на Левица: не сме против преговори со ЕУ, туку против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција. Инсистираме на директни и суштински преговори со институциите на ЕУ, во кои Македонија ќе настапува како рамноправен субјект со сопствени позиции и државни интереси.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ТРИТЕ ЗЕМЈИ ШТО МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ НОВИ СРЕДСТВА ОД ЕУ – Фон дер Лајен најави 338 милиони евра

ДЕСК

АМСМ: ВНИМАВАЈТЕ КАЈ ГРАДСКО, БУЧИМ И НА ПЛАНИНСКИТЕ ПАТИШТА – Важни информации за возачите

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР најавува над 30 литри на квадратен метар на запад

ДЕСК