Centar.mk
фото Општина Битола
ЛОКАЛНО

Манифестација „Рурална жена – силата на Пелагонија“

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денес присуствуваше на манифестацијата посветена на руралната жена, нејзината сила, знаење, традиција и визија за иднината на Пелагонија.

На настанот кој го организираше здружението „Современо земјоделство“ преку панел дискусии беа отворени темите „ Можности и предизвици на дигиталното земјоделство„ и „Жената-двигател на современото земјоделство и руралниот развој“.

Во својот поздравен говор градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека руралната жена со својата активност и ангажман во земјоделието има значаен придонес во земјоделството, локалната економија и развојот на руралните средини.

„Во време на дигитална ера и престројување кон современите начини на работа и во делот на земјоделското производство, сепак традиционалните начини на производство не прават извонредни во оваа дејност, а руралната жена е уникатна приказна во тој дел, каде само таа може да го направи она што денеска има посебна вредност, а тоа се производите подготвени од вредните раце и нејзината умешност, научени лекции од нивните баби, мајки“, истакна градоначалникот Коњановски.

На манифестацијата беа доделени признанија на жени кои придонесуваат кон развојот на агросекторот.

фото Општина Битола

Можеби ќе ве интересира

Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ДЕСК

Проширени капацитетите на детската градника „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од мојата изборна програма

ДЕСК