Centar.mk
фото МЈА
МАКЕДОНИЈА

ПОМАЛКУ ТРЧАЊЕ ПО ШАЛТЕРИ: Минчев најавува поедноставување на јавните услуги

Министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека институциите треба да се движат кон систем во кој граѓаните нема непотребно да собираат документи и да бидат препраќани од шалтер на шалтер.

Според него, квалитетот на администрацијата треба да се мери според реалното искуство на граѓаните, а не само според бројот на донесени одлуки и административни активности.