Centar.mk
РЕГИОН

ДРОНОВИ ПОГОДИЈА ДВА БРОДА КАЈ БУГАРИЈА: Еден потонал, екипажите се спасуваат

Два трговски брода биле погодени со дронови во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Според бугарските власти, еден од бродовите потонал, додека другиот бил погоден во близина на Бјала.

Екипажот од 15 лица на еден од бродовите бил спасен, а дел од морнарите добиле медицинска помош. Софија засега не тврди од каде дошле дроновите и бара дополнителна меѓународна помош за истрагата.