Centar.mk
РЕГИОН

ДЕН „Д“ ЗА ЦРНА ГОРА: Уставните измени можат да го решат Поглавје 23

Денеска истекува рокот за покренување на постапката за уставни измени поврзани со проверката на интегритетот на носителите на функции. Без неопходното политичко мнозинство, Црна Гора ризикува годинава да не го затвори Поглавје 23.

За уставни измени се потребни најмалку 54 гласа, што значи дека власта не може сама да ја заврши постапката и мора да постигне договор со дел од опозицијата.