Грчките власти истражуваат голема измама поврзана со електронскиот систем на фондот за социјално осигурување e-EFKA. Петмина од единаесетте осомничени се задржани, а проценетата штета за државата се приближува до пет милиони евра.
Меѓу осомничените се и поранешни или актуелни јавни личности, а истрагата треба да утврди како била организирана мрежата и колку долго функционирала.


