Centar.mk
фото Министерство за транспорт
МАКЕДОНИЈА

ВОЗОВИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ МЕЃУ ПРИЛЕП И БИТОЛА: Се најавува и карго и патнички железнички превоз

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека очекува наскоро да профункционираат карго и патничките возови меѓу Прилеп и Битола. Железничкото поврзување се гледа како начин да се намали притисокот врз патниот сообраќај додека трае изградбата на автопатот и се користи стариот пат како алтернатива.

Карго-линијата би требало да биде значајна и за стопанството, особено за транспортот на стока и производи од Пелагонискиот Регион. Засега нема прецизиран датум за првиот воз.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК

ФАЛСИФИКУВАНА ИТАЛИЈАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА ТАБАНОВЦЕ – Кривична пријава против државјанин на Албанија

ДЕСК