Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ, ВЕТЕР НАД 60 KM/H: Македонија пред силен пресврт со времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег.

Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.

Прогноза за 13.10.2026
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 14.10.2026
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 15.10.2026
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 13°C до 21°C

Претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК