Centar.mk
РЕГИОН

ИЗБОРНИОТ СПОР ВО СРБИЈА ОДИ НА СУД: Студентската листа ја обвинува РИК дека го пробила законскиот рок

Движењето „Студентска листа – Студенти победуваат“ најави жалба до Управниот суд, тврдејќи дека Републичката изборна комисија не одлучила навреме за нивните приговори поврзани со гласањето на српските државјани во странство.

Студентите тврдат дека со доцнењето се загрозени избирачките права на повеќе од 111.000 граѓани во дијаспората. РИК претходно ги отфрлил приговорите, а конечниот збор за спорот сега се очекува од судот.