Centar.mk
РЕГИОН

СИТЕ 63 РУДАРИ ИЗЛЕГОА ОД „ТРЕПЧА“: Синдикатот бара итна истрага и нови инвестиции

Сите 63 рудари кои по дефект во електричното напојување останаа со часови под земја во „Трепча“ успешно излегле од рудникот околу 2:45 часот утрово. Според раководството, нивната здравствена состојба е добра.

Рударскиот синдикат по инцидентот побара целосна истрага и итна проверка на опремата, излезите за евакуација и безбедносните системи. Од синдикатот предупредуваат дека проблемите со старата инфраструктура не смеат да се решаваат дури по сериозен инцидент. KOHA.net