Centar.mk
СВЕТ

Медиуми: Голем конфликт околу парите во ЕУ, шест земји се закануваат дека ќе го блокираат буџетот

Германија, Холандија, Шведска, Данска, Австрија и Финска се заканија дека ќе го блокираат нацртот на новиот седумгодишен буџет на ЕУ за периодот 2028-2034 година, доколку расходите не се намалат за „стотици милијарди“ евра, објави Фајненшл тајмс (FT), повикувајќи се на писмото од лидерите на тие земји.

Според предлогот на Европската комисија, буџетот би можел да изнесува речиси две милијарди евра, а шест земји проценуваат дека е потребна „фундаментална реформа“.

„Доколку расходите во буџетот не се намалат за стотици милијарди, нема да има договор за ова оваа година“, изјави дипломат од една од земјите потписнички.

Лидерите на шесте земји сметаат дека средствата треба да се пренасочат кон одбрана и поддршка на иновативни компании, а воедно да се намалат средствата за земјоделството и помалку развиените региони, кои традиционално сочинуваат околу две третини од расходите на буџетот на ЕУ.

Според „Фајненшл тајмс“, ставот на шесте земји ги одразува несогласувањата меѓу членовите околу новите приоритети за трошење, особено финансирањето на одбраната и индустриите што се соочуваат со конкуренција од Кина и САД.

Заедно, овие шест земји придонесуваат со околу 40 проценти од приходите во буџетот на ЕУ.

Ирска, која моментално претседава со ЕУ, треба да подготви компромисен предлог до средината на октомври, кој би ги усогласил барањата на најголемите нето донатори со ставот на мнозинството членови кои инсистираат на зачувување на земјоделските субвенции и финансирање на регионалниот развој.

Според „Танјуг“, за усвојување на буџетот е потребна едногласна согласност од сите 27 членки на ЕУ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК