Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДЕСЕТТА ЖРТВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Седум пациенти остануваат на Инфективната клиника

Бројот на починати од западнонилска треска во Македонија се искачи на десет. Последниот починат е 70-годишен жител на скопски Аеродром кој 57 дена бил лекуван на Одделот за интензивна нега.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани седум пациенти, а двајца се со потешка клиничка слика. Од почетокот на сезоната на Клиниката биле хоспитализирани 67 пациенти со невроинвазивна форма на заболувањето.