Околу шест проценти од населението, односно нешто повеќе од 30.000 домаќинства, живеат во повеќедимензионална сиромаштија, покажува истражување на Филозофскиот факултет во Скопје.
Најтешка е состојбата во Југоисточниот регион, а потоа следуваат Вардарскиот и Североисточниот регион. Скопскиот регион има најниска стапка. Кај најзагрозените семејства проблем не се само приходите, туку и пристапот до греење, храна, лекови, образование и други основни услуги.


