Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.К.(32) од с.Волково, скопско, М.Н.(20) од Прилеп, А.Н.(27) од Македонски Брод, М.М.(21) од Куманово, 16-годишник и А.Д.(33), двајцата од с.Камењане, тетовско, 16-годишник од Тетово и 17-годишник од с. Добридол.
Под дејство на алкохол управувале четворица возачи и тоа: Д.Т.(62) од Велес, М.Т.(30) од населба Илинден, скопско, М.Т.(30) и Д.Д.Т. (31), двајцата од Скопје. Е.В.(24) од Скопје управувал патничко возило со активна забрана за управување возило со Б категорија.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


