Centar.mk
СВЕТ

Катастрофални поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица

Најмалку 62 лица загинаа во индиската сојузна држава Утар Прадеш по неколкудневни обилни дождови и поплави, соопштија локалните власти.

Во невремето се повредени 46 лица, а оштетени се повеќе од 1.000 куќи. Тридневните обилни врнежи предизвикаа поплави во повеќе области, поради што училиштата во делови од државата, вклучително и во главниот град Лакнау, се затворени.

Спасувачките екипи евакуираат жители од поплавените подрачја, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да се држат подалеку од надојдените реки, потоци и канали.

Поплавите ја погодија и соседната држава Одиша, каде што повеќе од 75.000 луѓе се евакуирани на безбедни локации.

Во соседен Непал, пак, 21 лице загина во инциденти поврзани со невремето во периодот од четврток до недела./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК

КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ ПРОГЛАСИЈА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Повеќе од 3.300 мигранти пристигнале на мал остров

ДЕСК