Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ:

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДС ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДС е и против нови индустрии и дата-центри.

Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.
А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција.

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА СО „ПРИЈАТЕЛИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ – Сиљановска во Брисел разговараше за реформите и евроинтеграцијата

ДЕСК

СОВЕТОТ ГО ПОТВРДИ ИМЕНУВАЊЕТО – Искра Хаџи-Василева ја презема функцијата во ОЈО ГОКК на 14 ноември

ДЕСК

ПОВИЦИ ЗА ПРОПУШТЕНИ МРП ВАКЦИНИ – Во Бит-пазар расте одѕивот на родителите

ДЕСК