Centar.mk
СВЕТ

Жена од Србија почина на плажа на Халкидики

84-годишна жена, по потекло од Србија, почина на плажата Ханиоти на Халкидики, и покрај напорите на спасувачите на вода, еден доброволец-спасувач и тимот на брзата помош да ја реанимираат, објавија грчките медиуми.

Според изјавата на доброволецот-спасувач, двајца спасувачи веднаш интервенирале на лице место, преземајќи стандардни мерки кои вклучувале употреба на дефибрилатор, давање медицински кислород и започнување постапка за реанимација.

Напорите за реанимација продолжиле со помош на самиот доброволец-спасувач, Јоанис Колокитас, како и на медицинскиот персонал од брзата помош кој пристигнал на местото на настанот.

И покрај сите напори, жената не можела да биде спасена./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАСОВНИ АПСЕЊА ВО ЛОНДОН – 325 лица приведени на протест за поддршка на забранета организација

ДЕСК

КИНА ВОВЕДУВА ПОСТРОГА КОНТРОЛА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – Ќе се проверуваат имотот, семејствата и интернет-активностите

ДЕСК

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОГОДИЛА РУСКА ФАБРИКА ЗА РАКЕТИ – Зеленски соопшти и за уништена воена опрема од 70 милиони долари

ДЕСК