Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави, ако Републиканската партија победи и во Претставничкиот дом и во Сенатот на изборите кои ќе се одржат во ноември.
На конвенцијата на Републиканците во Далас, Трамп рече дека граѓаните кои ќе добијат пари ќе мора да ги потрошат во САД, објавува CBS.
Зборувајќи за војната во Иран, за која претходно најави дека ќе заврши по среднорочните избори во САД, Трамп рече дека Ормускиот теснец, помеѓу Персискиот и Оманскиот Залив, каде што најдолго траат конфликтите со Иран, треба да се преименува во „Трампов теснец“.
Тој, исто така, изјави дека ќе изврши напади врз планината Пикок, под која се наоѓа иранскиот нуклеарен објект, и го предупреди Техеран „да не се преправа“ по ова прашање, бидејќи во тој случај САД „ќе мора да ги удрат многу силно“.
Трамп, кој неодамна го смени името на езерото Онтарио во „Езеро Америка“, се осврна и на ескалацијата на трговската војна со Канада, наведувајќи дека соседите на САД „умираат“ за да постигнат договор и дека „царините се неговиот омилен збор“.
Тој, исто така, предложи американската федерална држава Ново Мексико, која граничи со Тексас, да се нарекува „Нова Америка“.
Во своето обраќање, Трамп му оддаде почит на интелектуалецот Чарли Кирк, точно 12 месеци откако беше убиен додека зборуваше на Универзитетот во Јута, наведувајќи дека тој е негов „голем пријател“, пренесува Танјуг./Извор:Makfax


