Centar.mk
Photo: Joyce N. Boghosian/the white house photo/flickr/ Licensed like United States government work / https://www.flickr.com/photos/whitehouse/55143896598/
СВЕТ

Трамп: Пречката за мир во Украина се двајца луѓе кои се мразат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела и дека рускиот лидер сака да постигне договор за прекин на војната во Украина.

„Тој сака да склучи договор, а ако (украинскиот претседател Володимир) Зеленски сака да склучи договор, тоа би било многу добро“, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон Далас, каде што се одржува Националната конвенција на Републиканците.

Трамп: Пречката за мир во Украина се двајца луѓе кои се мразат

Трамп разговараше по телефон со Путин во вторникoт, кратко откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се вратија од дипломатска турнеја низ Москва и Киев. Двајцата претставници, кои се задолжени за поголемиот дел од главните мировни преговори во име на Соединетите Американски Држави, разговараа за потенцијални предлози за прекин на војната.

Минатиот месец, директорот на ЦИА, Џон Рeтклиф, се сретна со разузнавачки претставници во Москва, делумно за да ги повика руските претставници да ја откажат инвазијата.

И покрај овие напори и изјавите на Трамп, разузнавачките службеници во Соединетите Американски Држави, Украина и низ цела Европа остануваат скептични дека Путин е сериозно заинтересиран за завршување на војната, која сега е во нејзината четврта година.

„Проблемот е што двајца луѓе се мразат едни со други“, им рече Трамп на новинарите.

„Мислам дека повеќе од сè друго, тоа се двајца луѓе кои се мразат едни со други.“/Извор:Makfax