Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Врнежи, ветер и заладување за време на викендот

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h).

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Во Скопје, за време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер./Извор:Makfax