Црногорската полиција трага по рускиот државјанин Михаил Шабунин (30) под сомнение дека вчера извршил тројно убиство во Даниловград.
Телата на тројца вработени беа пронајдени денес на стрелиштето „Чешка збројовка“ во Даниловград, Црна Гора. Се претпоставува дека Шабунин ги убил Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица, Момир Радоњиќ (67) од Даниловград и Немања Капор (20) од Подгорица со огнено оружје, објавува порталот Vijesti.me.
Телата ги пронашол М. Ј., сопственик на стрелиштето, кој ја известил дежурната служба за безбедност во Даниловград. РТЦГ известува дека полицијата пронашла возило „сеат кордоба“ со регистарски таблички PG AC 472 во кое избегал осомничениот. Ова возило е во сопственост на таткото на една од жртвите.
Полицијата запира и проверува возила
Полицијата интензивно работи на пронаоѓање и апсење на осомничениот. Сите возила што се движат од правец на Даниловград кон Подгорица се запираат и проверуваат.
„Ги повикуваме граѓаните, доколку имаат информации за осомничениот или доколку го забележат, да пријават информации за неговото местоположба и движења до Полициската управа на бесплатниот полициски број 122, преку апликацијата на Полицијата на Црна Гора (Виртуелна полициска станица) или на кој било друг начин. Информациите за лицето може да се достават до полицијата и анонимно. Ги молиме граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на ова лице, напоменувајќи дека секое прикривање на информации за лицето што се бара претставува кривично дело“, соопшти Полициската управа./Извор:Makfax


