Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонија се искачи на 30. место во светот според индексот за сајбер-безбедност, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално.

Од партијата посочуваат дека Владата донела нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја усвоила Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 со Акциски план и ги зајакнала механизмите за координација и реакција при сајбер-инциденти.

„Со овие мерки се создава посигурна дигитална инфраструктура, подобра заштита на податоците на граѓаните и поголема отпорност на државните системи“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека резултатот претставува конкретен ефект од спроведените реформи и чекор кон, како што велат, модерна и безбедна дигитална држава, во интерес на сите граѓани./Извор:Makfax