Centar.mk
РЕГИОН

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Имаше 76 години.

Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Во своите текстови и јавни настапи, таа со години без двоумење коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од јавноста. Таа е авторка на голем број романи и збирки колумни, а нејзините дела се преведени и објавени надвор од Хрватска.

„Ведрана отиде во област без сигнал“, беше објавено на нејзината официјална веб-страница.

Минатиот март, Ведрана Рудан гостуваше во емисијата „Неделјом у 2“ на Александар Станковиќ, каде што зборуваше за својата болест.

На крајот од емисијата, таа рече: „Сакам да кажам дека има многу луѓе кои ме сакаат и дека јас ги сакам нив. И дека сум бесмртна. Нека ја разберат мојата смрт како одење во област без сигнал.“

Таа, исто така, откри во тоа време дека имала исклучително агресивен рак на жолчните канали, кој е многу тешко да се открие./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

ДЕСК

СРБИЈА ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЦЕНИ – Октомвриските резултати се важни за извозниците

ДЕСК

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН – Интернет измамите, миграцијата и корупцијата во фокусот

ДЕСК