Во време кога младите сè почесто бараат работа што ќеим понуди динамика, учење, контакт со луѓе и можностза брз професионален развој, туризмот има аргументикако да ги заинтересира и привлече, но и задржи во земјава.
Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO) во своите последни анализи истакнува дека вработените на коишто првото работно место им е во туристичката индустрија, напредуваат побрзо вонивната кариера од другите, заработуваат повеќе, развиваат т.н. меки вештини и продолжуваат со својата понатамошна едукација. Скоро една четвртина одвработените во туристичката индустрија се помлади од25 години, споредено со 13% од сите други сектори воекономијата. Туризмот е исто така важен извор завработување на жени, 55.9% од вработените вотуристичкиот сектор, споредено со 43.2% во целокупнатаекономија
Ова е силен мотив за младите да се вклучат во овој сектор, но истовремено треба да им се доближи туризмот, да ги вклучиме во туристички програми, и важно во овој моемнт да имаат суштински дел во националната стратегија за туризам која периодов се подготвува.
Иако туризмот се соочува со сериозни предизвици, како на пример сезоналност, недостиг од кадар, притисок врзквалитетот на услугата и постојана потреба одприлагодување, тој и понатаму останува една однајотворените врати за младите дипломци и за работницитебез големо претходно искуство.
Во иднина кога зборуваме за туризмот, не треба да ни бидат приоритет бројките: колку туристи дошле, колку ноќевањасе реализирале, колкав бил прометот, колку е успешнасезоната, туку колку млади се вклучиле во туризмот, и колку наши млади луѓе благодарение на него останале во земјава.На таков начин вложуваме во иднината на нашата земја.
Младите се тие кои имаат потенцијал да креираат добратуристичка приказна и да придонесат за развој на целиот сектор, кој пак има мултипликативни ефекти врз целата економија.
Туризмот за младите нуди широк избор на професии. Одхотелиерство, гастрономија и туристички агенции, додигитален маркетинг, продажба, управување со дестинации, одржлив туризам, организација на настани и развој на новитуристички производи — спектарот е многу поширокотколку што младите често претпоставуваат. Токму затоасекторот треба да се претстави како простор за кариера, а некако привремено решение.
Иако за многу млади првата работа во туризмот изгледа какопривремена станица: работа на рецепција, во агенција, хотел, ресторан, туристички водич, организација на настаниили поддршка во продажба, Но токму тие позиции честостануваат најдобра практична школа за градење кариера во туризмот. Во туризмот млад човек многу брзо учи како дакомуницира, како да решава проблеми во реално време, какода работи под притисок, како да разбере различни култури и како да ја претвори услугата во искуство.
Тие вештини денес се меѓу најбараните компетенции напазарот на труд: комуникација, тимска работа, самостојност, емпатија, организација, дигитална писменост и способностза брзо адаптирање. Туризмот ги развива токму затоа штосекој ден носи нов гостин, ново барање, нов проблем и новаможност да се покаже професионалност.
Еден од најголемите предизвици за работодавачите вотуристичкиот сектор е регрутацијата. Не е доволно само дасе објави оглас и да се очекува младите сами да дојдат. Секторот мора појасно да ја раскаже својата вредност: туризмот не е само сезонска работа, туку средина во којаможе брзо да се напредува, да се стекнат практични знаења, да се изгради самодоверба и да се отвори пат конменаџерски, претприемачки или меѓународни можности.Глобалните анализи покажуваат дека туризмот е трудоинтензивен сектор со силен потенцијал за вработувањена млади луѓе и жени, но и дека токму овие групи честопатисе најизложени на нестабилни, нископлатени илипривремени позиции, нешто што треба да го смениме.
Ако сакаме туризмот да биде прв избор за новитегенерации, мора да го промениме начинот на кој им сеобраќаме на младите. Наместо огласи што нудат самопозиција и плата, потребни се понуди што објаснуваатшто ќе научи кандидатот, како ќе напредува, какваподдршка ќе добие и зошто тоа искуство ќе му вреди и надвор од конкретното работно место.


