Centar.mk
СВЕТ

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална новинска агенција.

Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините за други евентуални жртви.

Тој воздушен напад е еден од најсмртоносните откако Либан и Израел објавија „рамковен договор“ на 16 јуни, во кој е наведен план за повлекување на израелските сили од јужен Лиан во замена за разоружување на милитантната група Хезболах, поддржана од Иран./Извор:Makfax