По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски денеска треба да се врати од екскурзијата во Брисел. Ќе видиме каква боја добил – дали поцрвенел, велат од СДСМ.
„Клековски е на екскурзија. Нема време за резултати од водата, ќе ги објави дури на 20-ти. Цел месец работи како министер, се уморил. Панче Тошковски се уморил од испитување вода и хиперхлорирање, па и тој замина. Сега Тимчо го заменува во МВР. Тимчо и Бране Петрушевски во меѓувреме се задолжени за закани, кампањата по модел на Ванчо Михајлов со „талог“ не може да чека. Савевски е на екскурзија, па не може да го најде виновникот за труењето. Иако сите знаат кој е. Но шефот на организираната криминална група не се апси. Латас работи од екскурзија. Тој и Ивона можат сè онлајн. А Гостивар? Нека чека. Мицкоски ниту еднаш не ги посети. Испрати три цистерни вода за цел град. Со недели ветуваше дека „утре ќе има вода за пиење“. Сега луѓето ја користат како техничка, а никој не дал документ дека е исправна ниту за тоа. Болницата е отруена. Пациентите се во Тетово. Нека чека Гостивар. ВМРО мора на море и на одмор“, велат од СДСМ./Извор:Makfax


