Centar.mk
РЕГИОН

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што вчера зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инфраструктура и за среќа нема жртви.

Сликата по пожарот што избувна денеска попладне во Сивири, Халкидики, сега е подобрена. Сепак, Противпожарната служба останува во целосна готовност, бидејќи ризикот од повторно разгорување е реален, додека евидентирана е штета на куќите и инфраструктурата, објавија грчките медиуми.

Копнени сили дејствуваат во областа со стотици пожарникари, групи планинари, како и пожарникари од Молдавија, со помош на цистерни за вода и градежна механизација од општина Касандра.

Туристи и жители на Сивири и Фурка беа евакуирани со бродови и автобуси. За погодените од пожарот се нуди сместување во цркви и спортски сали./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

ДЕСК

СРБИЈА ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЦЕНИ – Октомвриските резултати се важни за извозниците

ДЕСК

ЕВРОПА И БАЛКАНОТ СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН – Интернет измамите, миграцијата и корупцијата во фокусот

ДЕСК