Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

„Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари“, велат од СДСМ.

„На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане јасно. Може да црта колку сака. Нема подобра статистика од паричникот и фрижидерот.

А таму е едноставно, празно. Човек што носи на рака часовник од 65.000 евра не може да разбере како живее народот. Не може, кога се вози со државен авион. Колената не го болат од работа – туку од клечење и молење за власт. Повеќе не поминува Гебелсовата пропаганда на Латас.

Повеќе не поминува ниту „патриотизмот“ врзан за тендери и бугарски државјанства. Нема да помине ниту техниката на Ванчо Михајлов со наративот „талог“. Народот не е талог. Овде се знае кој е талог. Народот ќе победи. Македонија ќе ја победи оваа организирана криминална група наречена ВМРО и нејзиниот шеф Мицкоски. Ќе ги победи трујачите на Македонија. Ќе го победи и целиот странски интерес и агенда по која работат. Ќе победи и ќе ја врати власта во свои раце“, соопшти СДСМ./Извор:Makfax