Centar.mk
РЕГИОН

Детали за смртта на Србинот на Халкидики: Горан скокнал во морето за да спаси човек

Одморот што требаше да биде спомен за цел живот се претвори во црн ден за семејството Комазец од Белград. 56-годишниот Горан Комазец трагично го загуби животот на познатата плажа во Сарти, а неговиот последен чин на овој свет беше чин на најголема човечност, храброст и несебичност, објавуваат српските медиуми.

Горан уживал во сончевиот ден на плажата со сопругата и малолетниот син, кога се слушнал очаен повик за помош. Непознат човек беше одвлечен од брегот од силната морска струја.

Како што пренесуваат српските медиуми, Горан не се двоумел и веднаш влегол во разбранетото море со својот син.

Според неофицијални информации, срцето на Горан не можело да издржи брзото влегување во ладната вода. Се претпоставува дека доживеал срцев застој поради шок и напор.

Иако спасувачите и лекарите реагирале и брзо го извлекле на брегот, а потоа итно го пренеле во болница, немало спас за 56-годишниот маж од Белград. Лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТСКА ГО ЗАСИЛУВА ПРИТИСОКОТ ВРЗ ЦРНА ГОРА – Спорот околу Превлака повторно во европските преговори

ДЕСК

СОБРАЛ РЕЧИСИ 190.000 ЕВРА ДОНАЦИИ СО НАВОДНА ЛЕУКЕМИЈА – Во Косово приведен 20-годишник

ДЕСК

Пукање во училиште во Србија: 17-годишен ученик рани двајца вработени во службата за чистење

ДЕСК