Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва од 18:45 часот во салата „Боро Чурлевски“ го пречекуваат полскиот Вибжеже Гдањск во петтото коло од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.
Полскиот состав во Битола пристигнува како лидер во групата со шест бода и без пораз. Еурофарм Пелистер и Ла Риоха имаат по три бода, а Гумерсбах четири. Првиот натпревар меѓу Пелистер и Гдањск заврши нерешено, 31:31, што навестува уште еден неизвесен дуел.
За битолскиот тим победата би била значаен чекор во борбата за продолжување на европската сезона. Екипата од Гдањск, според достапните најави, допатувала со кадровски проблеми на пивотската позиција, но останува сериозен противник.


