„Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата“, велат од СДСМ.
„Секој пат кога Мицкоски најавуваше „мерки за стабилизација“ и „најниски цени“, горивото поскапе. Секој пат кога велеше „нема да има поскапување“, граѓаните плаќаа повеќе. Сега ја повторува истата формула со струјата.
Во регионот веќе има проблеми – историски низок водостој на Дунав, намалено производство, повисоки цени на берзите. Македонија увезува струја. Кога соседите имаат криза, ние плаќаме.
А парното греење веќе поскапе а сезоната на греење уште не ни почнала. Кога Мицкоски вели „нема поскапување“, тоа за граѓаните веќе не е ветување. Тоа е предупредување.
На крај продава спокој на државата… а сите веќе знаеме за бизнисите со хидроцентрали, увозот на струја и животот на висока нога од „професорската“ плата на професорот-тендер-патриот“, се наведува во соопштението на СДСМ./Извор:Makfax


