Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека знаел, а молчел за небезбедната вода во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека граѓаните на Општина Гостивар со години пиеле небезбедна вода додека СДСМ била на власт и дека тогашните институции не ги информирале граѓаните за резултатите од анализите.

Од партијата тврдат дека, иако во повеќе наврати анализите на водата од гостиварскиот водовод покажале небезбедна вода за пиење и зголемено присуство на колиформни бактерии, тогашната власт, како и Венко Филипче и локалните коалициски партнери, не излегле со предупредување водата да не се користи.

„За ваквата состојба постојат документи кои изминатите денови ги споделивме со јавноста и во нив јасно се покажува дека надлежните институции, во време кога СДС беше на власт, располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо да преземат мерки и да ги информираат граѓаните, тогашните власти дозволиле да се користи вода која не ги исполнувала условите за вода за пиење.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат со кој кредибилитет СДСМ денес бара одговорност за состојба која, според нив, со години не ја решила, ниту реагирала навреме.

Во соопштението се наведува дека, наместо да „креира хистерија и да собира политички поени“, СДСМ треба да одговори зошто, додека била на власт, не ги известила граѓаните за наодите од анализите и колку од утврдените случаи на небезбедна вода биле целосно отстранети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Разликата е околу 200 гласа, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

ДЕСК

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК