Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: во невремето загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат десет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.

Во незапамтеното невреме и катастрофалната поплава беа евакуирани илјадници граѓани, а животот го загубија 22 лица. Најмладата жртва помеѓу загинатите е двегодишно дете од село Стајковци.

Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Голем дел загинаа на скопската обиколница, а некои од нив останаа заробени во домовите од најдојдената вода.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите.

8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ ОБРОК И ПОПУСТ ОД 20 ПРОЦЕНТИ – Јаневска најави нов модел за студентите од 2027 година

ДЕСК

Филипче: Скандал, Мицкоски самиот призна дека нарачува лажни текстови и црни кампањи по медиумите

ДЕСК

ТРИПАТИ СЕ ОБИДЕЛА ДА ПЛАТИ СО ЛАЖНИ 50 ЕВРА – Кривична пријава против тетовка

ДЕСК