Centar.mk
фото ДУИ
-МАКЕДОНИЈА

Ахмети се сретна со амбасадорката на Холандија: Европскиот пат и Охридскиот договор се темелите на иднината на државата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари отворена и содржајна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, г-ѓа Озлем Џанел.

Во фокусот на средбата беше неопходноста земјата што поскоро да го пронајде патот за продолжување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Ахмети истакна дека секое натамошно одложување на евроинтегративниот процес ја оддалечува земјата од европската перспектива, ги ослабува институциите и создава политичка, економска и општествена неизвесност.

За време на средбата, претседателот Ахмети ја изрази својата сериозна загриженост поради континуираните удари врз Охридскиот рамковен договор и врз придобивките што ги гарантираат еднаквоста, меѓуетничката кохезија и стабилноста на државата.
Тој нагласи дека Охридскиот рамковен договор е темел на мирот и демократското функционирање на државата, додека секое негово нарушување директно се одразува врз општата стабилност и меѓуетничките односи.

На средбата се разговараше и за актуелните политички случувања, владеењето на правото, безбедноста и предизвиците со кои се соочува регионот.

Ахмети подвлече дека меѓународните партнери треба јасно да го слушнат алармот за актуелните состојби во земјата.
„Европскиот пат и Охридскиот рамковен договор се двата столба врз кои почиваат стабилноста, демократијата и иднината на државата“, истакна Ахмети.

фото ДУИ