Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Владата реализира реформи и гради европски систем за заштита на животната средина

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со конкретни проекти, законски решенија и инвестиции ги поставува темелите на современ и ефикасен систем за заштита на животната средина, усогласен со европските стандарди.

Реформите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ носат почиста животна средина и поефикасни услуги за сите граѓани.

Во рамките на Реформската агенда веќе се преземаат конкретни чекори за намалување на бирократијата и подобрување на услугите за граѓаните и компаниите. Анализирани се 31 административна постапка, а 15 од нив ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, што ќе значи побрзи процедури, помалку административни пречки и поефикасни институции.

Паралелно, Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во модерна инфраструктура за управување со отпад. Испорачана е нова комунална механизација за општините, а се интензивираат подготовките за изградба на регионалните центри во Русино и Новаци, како и претоварните станици, додека центарот во Свети Николе е во напредна фаза на реализација.

Посебен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентноста. Затоа започна подготовката на дигитален регистар со јавно достапни информации за индустриските емисии, со што граѓаните ќе имаат директен увид во состојбите и работењето на институциите.

Во исто време се спроведува темелно усогласување на домашното законодавство со европските стандарди преку новиот Закон за климатска акција, како и новите закони за природа, животна средина и заштита на Белчишко и Студенчишко Блато.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати.

Со конкретни реформи, силни инвестиции и јасна визија се градат почиста животна средина, поефикасни институции и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНИ НЕРАБОТНИТЕ ДЕНОВИ ЗА 2027 ГОДИНА – Пет продолжени викенди, два празника паѓаат во сабота, еве го целосниот список

ДЕСК

УЖАС: СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ – 22-годишна жена пријавила дека сопругот ја нападнал и им ја зел малолетната ќерка

ДЕСК

ПРИЈАВЕНИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СКОПЈЕ – Нападнат 61-годишен маж, во друг случај две малолетни деца

ДЕСК