Соопштение на СДСМ:
По изјавите на Мицкоски дека економски сме на прво место во Европа уште една странска компанија најави дека ја напушта Македонија.
Германската компанија БМЗ донесе одлука да го затвори својот производствен погон во Илинден и производството да го пресели во Полска. Околу 90 вработени остануваат без работа, а пропаѓаат и најавените нови вработувања.
Ова е веќе трета странска компанија која за краток период одлучува да ја напушти државата.
Претходно заминаа „Аптив“ и „Дура“, додека „Џонсон Мети“, најголемиот извозник во земјата, го намалува бројот на вработени.
Ова е вистинската слика за економијата по две години власт на Мицкоски.
Наместо нови инвестиции, со Мицкоски странските инвестиции паднаа за 60%.
Наместо нови имаме затворени фабрики.
Наместо нови работни места, македонските работници добиваат откази.
Уште една потврда за дебаклот на Христијан Мицкоски во економијата.
Странските инвеститори немаат доверба во криминална власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.


