Centar.mk
БИЗНИС

Државата дели 30.000 денари поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.

Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите имаат доволно време да ја искористат оваа можност.

Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција, туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергенс и подобрување на квалитетот на животната средина.

Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање.

За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Повеќе информации има на сајтот на министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК