Девет плажи во Грција го загубиле признанието „Сино знаме“ по ненајавени инспекциски контроли. Од листата се избришани четири плажи на Парос и пет на Хиос.
Контролорите откриле недостатоци поврзани со услугите за посетителите, пристапноста за лицата со попреченост, безбедноста, чистотата и правилното информирање. Организаторите нагласуваат дека квалитетот на водата за капење на овие плажи и натаму е одличен.
Повлекувањето на признанието не претставува забрана за капење. Туристите, сепак, треба да знаат дека плажите моментално не ги исполнуваат сите организациски и безбедносни критериуми на програмата.


